Што ги усреќува момците?

18 септември, 06:17

Ако жените се мистериозни и често променливи, кај момците секогаш е обратното. Тие јасно знаат што сакаат и што може да ги направи среќни. Ова се неколку од работите што скоро секој маж го прават среќен:

Секс – една од најважните работи. Им дава енергија, го исполнува нивното его и секако ја задоволува нивната потреба за интимност.

Муабети со другарите – цврсто изградените кругови на пријателства се многу важни, а особено одржувањето на истите. Споделувањето на искуства, разговорите за спортот и разните теми за технологија ги исполнуваат и ги прават многу посреќни отколку времето поминато со девојката.

Вежбање – секој маж посакува згодно и цврсто тело. Затоа, кога се во прашање вежбите, за нив тоа е најважниот дел од нивниот ден, прво вежбањето, а после може сè друго.

Гради – гледањето во женски гради е моментот кој го чекаат. Доколку нивната партнерка носи маичка која го потенцира деколтето кое изгледа добро, големо и цврсто, не е чудно да се забележи како занесно гледаат во него.

Прошетки – прошетките на отворено ја поттикнуваат нивната среќа и опуштеност, за разлика од затворениот простор.

Бракот – навистина чудно, но најголем дел од момците многу подобро се чувствуваат кога се во брак, отколку кога се сами.

Работата мора да е во близина на домот – колку поблиску е работното место до нивниот дом, толку подобро. 

Не ретко, промената на државата во која живеат ги поттикнува момците да имаат поголема енергија, поголема среќа и поголемо задоволство од животот.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1500 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус