Што кажува бројот на картата на раѓање за вас

07 март, 00:08

Ако веќе ја одредивте својата карта на раѓање и се запознавте со значењето на знакот на вашата карта, следен чекор се особините кои ги поседувате според бројот на картата.

Всушност, вашата личност е комбинација од знакот и бројот, па проверете дали ѕвездите точно ве дефинирале, или и астрологијата знае да погреши.

 


Ас
Асовите се вистински лидери. Тие се амбициозни, динамични и високо мотивирани личности. Многу се независни и честопати се иницијатори на проекти. Нивната негативна страна е тоа што понекогаш знаат да бидат многу нестрпливи и егоцентрични.

Двојка
Овие личности се одлични соработници, многу се внимателни кон другите и многу се пријатни. Се стремат кон балансиран, мирен и хармоничен живот. Нивната негативна страна може да лежи во нивниот недостаток на независност, нивната субјективност и недостатокот на волја која ја покажуваат во одредени ситуации.

Тројка
Тројките се многу креативни, весели, друштвени и забавни личности. Тие исто така се и многу паметни, сестрани личности кои сакаат различности и секогаш трагаат по нешто ново и различно. Благодарение на својата креативност, имаат многу идеи, но доколку не најдат начин да ги реализираат може да станат неодлучни и претерано да се грижат, па токму тоа е нивната негативна страна.

Четворка
Лицата чија што карта на раѓање го носи бројот 4 се многу реални, напорно работат, разумни се и посветени на она што го прават, а во работата посветуваат внимание на секој детаљ. Благодарение на овие нивни карактеристики, може да бидат одлични менаџери. Бидејќи сакаат стабилност и сигурност, честите промени во нивниот живот може да им изгледаат преголеми и негативно да им влијаат.

Петка
Интелигентни, неуморни, креативни, авантуристи, слободољубиви... Овие лица имаат многу позитивни особини. Тие се големи ентузијасти, одлични претприемачи, способни се да работат на повеќе задачи истовремено. Лошата страна на овие лица е тоа што понекогаш лесно им здосадува, па може да станат непостојани во посветеноста на работата и не ќе може секогаш да се потпрете на нив.

Шестка
Лицата родени со бројот 6 трагаат по рамнотежа во сите аспекти на животот. Тие се грижливи, знаат да сакаат, слободно може да се потпрете на нив, а поседуваат и уметнички способности. Нивната негативна страна е тоа што понекогаш се премногу самозадоволни, а знаат и да тапкаат во место чекајќи нештата сами да им се случат.

Седумка
Овие лица се многу чувствителни, верни на другите,  имаат развиена интуиција, спонтани се, имаат верба и многу се духовни. Исто така се и големи идеалисти, сонувачи кои понекогаш очекуваат премногу од другите и од сопствениот живот. Негативни особини кои би можеле да ги развијат се повлеченост и збунетост.

Осумка
Лицата чија што карта на раѓање го носи бројот 8 се многу силни и цврсто ориентирани кон својата цел. Тие се одлучни луѓе кои напорно работат, одлично се снаоѓаат со финансии, реални се и сигурни во смисла дека може да се потпрете на нив. Нивни негативни страни се тврдоглавоста и желбата сè да контролираат.

Деветка
Дарежливи, интелигентни, луѓе кои сакаат да им помагаат на другите, вистински хуманитарци. Многу се сентиментални, па тоа понекогаш негативно им се одразува во животот.

Десетка
Овие лица се амбициозни, остроумни, имаат цврсти убедувања и се ориентираат кон успех. Сакаат конкуренција во разумни граници бидејќи истата уште повеќе ги мотивира. Негативни особини кои може да ги поседуваат се желбата за контрола, нестрпливост и нагонот да бараат премногу од другите.

Џандар
Поседуваат младешки дух, шармантни се, романтични, креативни, а знаат да бидат и палави. Многу се паметни, знаат да ја искористат својата генијалност, ентузијасти се и поседуваат многу позитивни вештини и таленти. Негативна страна им е тоа што понекогаш бегаат од одговорноста за сопствениот живот и притоа не ја гледаат јасно својата животна цел.

Дама
Овие лица се многу креативни, силни, слободоумни, интелигентни и интуитивни. Одлично им лежат организација и извршување на работни задачи, но нивната драматичност понекогаш негативно им се одразува.

Крал
Токму како што им доликува, кралевите се авторитативни, горди и поседуваат силна волја. Создадени се за водачи и имаат голема способност за извршување на разни задачи. Во негативна смисла знаат да бараат премногу од другите, се однесуваат шефовски, нестрпливи се, импулсивни и бунтовни.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2708 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

4 Октомври

4 Октомври

Во 1883 - та година возот Ориент Експрес го започна своето прво патување.

© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус