Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Што кажува денот на раѓање за вас?

21 октомври, 06:52

Според астрологијата, деновите од седмицата се тесно поврзани со некои особини кои ги карактеризираат лицата родени во тие денови.

Поделбата на 7 денови потекнува од старите Вавилонци кои календарот го организирале на ваков начин поради 5-те планети видливи со голо око, како и Сонцето и Месечината. 

Иако врз личноста влијаат и планетите, картата на раѓање и многу други нешта, еве какво значење има денот на раѓање за вас.

Понеделник
Со овој ден од седмицата владее Месечината, и токму поради нејзиното влијание се смета дека родените во понеделник се одликуваат со силна чувствителност и младешки дух.


Вторник
Марс е планетата која владее со овој ден, па доколку сте родени во вторник, се одликувате со милост и полни сте со енергија и подвижност.

Среда
Поради влијанието на Меркур, лицата родени во среда честопати премногу размислуваат и премногу се грижат.

Четврток
Со овој ден владее Јупитер, а родените во четврток најчесто имаат живот полн со патувања и постојано учат нови нешта.

Петок
Влијанието на Венера е многу позитивно. Лицата родени во петок сакаат од срце и лесно примаат и даваат љубов.

Сабота
Лицата родени во сабота се под владеењето на Сатурн. Овие лица работат вредно и напорно, сериозни се и одговорни.

Недела
Со неделата владее Сонцето. Лицата родени во недела се смета дека се многу великодушни, мудри и имаат фер однос кон другите.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2900 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус