Животен стил, За неа
Што кажува вашата венчаница за вас
Нејзиното Височество – венчаницата е парче облека кое се избира со многу љубов и внимание.
Секоја девојка има своја визија за совршената венчаница, а сепак е тешко да се избери вистинската, особено денес кога има толку многу нијанси, кроеви и различни материјали.
Што ја прави една венчаница совршена? Токму вие, односно вашата личност – советуваат експертите за венчаници.
При изборот на венчаница треба да се водите од вашиот сон, и секако од вашиот стил и она што ве карактеризира како личност. Телесната тежина и обликот на телото доаѓаат во втор план.
Изгледот на венчаницата кажува многу за личноста која ја носи, па можеби ќе се пронајдете себеси во еден од стиловите за кои познавачите на модата велат дека се најпопуларни.
Нежна и едноставна венчаница
Девојките кои се одлучуваат на ваков стил на венчаница сакаат едноставни нешта. Ваквиот тип венчаница, без дополнителни украси, циркони, цветови и слично, укажува на тивка и лежерна личност која најдобро се релаксира во опуштена домашна атмосфера. Ова е минималистички тип на девојка која сака едноставни нешта во животот.
Воздушеста и бајковита
Ваквиот тип на венчаница која со сите ситни детаљи асоцира на нешто волшебно, покажува личност која има разиграна природа и уметничка душа. Овој тип девојки исто така се и вљубеници во природата и сè она што ги опкружува во надворешниот свет.
Балска венчаница
Раскошните венчаници со А – форма се наменети за оние кои сакаат да се чувствуваат како принцези. Ваков тип венчаница избираат традиционалните девојки, оние кои својата свадба ја доживуваат токму како оние на принцезите од приказните. Овие девојки се држат до традицијата и токму овој вид венчаница е вистински избор за нив.
Ретро венчаници
Венчаниците кои потсетуваат на стиловите од минатото се избор на девојките кои најчесто се независни, сакаат добра забава и необични и неверојатно убави детаљи. Овој тип девојки имаат и развиена еко – свест.
Сирена
Венчаниците со ваков крој се наменети за секси и софистицирани девојки. Оние кои се одлучуваат за ваков стил најчесто се храбри, гламурозни девојки со голема самодоверба, личности кои лесно склопуваат нови пријателства.
Венчаница во боја
Розовата и бојата на јоргован сè почесто се користат при изработката на венчаници. Овој тип венчаници отскокнуваат од традиционалните бели. Токму такви се и девојките кои ги носат, личности кои имаат сопствен оригинален начин на изразување, но и донекаде тврдоглави личности, но во секој случај оригинални и неповторливи.
Кратка венчаница
Вие сте бунтовни, но во позитивна смисла, знаете што сакате и што најдобро ви стои и не се плашите да го направите својот избор. Не се трудите слепо да ги следите правилата и тоа ве прави уникатни, несекојдневни и смели личности.
Додади коментар