Животен стил, Живеј квалитетно

Што им се допаѓа на мажите кај спротивниот пол

01 декември, 08:00

Добриот изглед, долгите нозе и атрактивноста не се секогаш пресудни за да им се допаднете на мажите.

Сосема е погрешно мислењето дека мажите обрнуваат внимание само на надворешниот изглед на жената.

Тие не се површни суштества на кои не им значи внатрешната убавина. Напротив, постојат многу нешта кои мажите сакаат да ги поседува нивната партнерка, а кои не се поврзани со физичкиот изглед.

Што им се допаѓа на мажите кај спротивниот пол? 

Добар слушател
Мажите сакаат кога партнерката ги слуша, но навистина ги слуша и разбира кога зборуваат. Сакаат девојки кои се подготвени да ги ислушаат и да им покажат дека се грижат, без постојано да дофрлуваат „Нели ти реков дека...” и да им држат лекции за нивното однесување.

Спонтаност
Спонтаноста е уште еден дел од вашата личност која на мажите сигурно ќе им се допадне. Сакаат девојки кои се спонтани, девојки кои си потпевнуваат додека работат (дури и ако пеат навистина лошо!), весели девојки кои без причина ќе танцуваат низ домот, едноставно сакаат девојки кои го покажуваат своето вистинско лице, дури и кога знаат дека некој ги гледа.

Позитивни личности
Мажите сакаат девојки кои знаат да му се радуваат на животот и се задоволни од тоа што го имаат. Сакаат позитивни личности, девојки на кои не им треба многу за да бидат среќни и кои знаат да се ценат себеси токму онакви какви што се.

Добри готвачки
Изреката „До срцето на мажот се стигнува преку неговиот стомак” навистина е точна. Секако, тоа не е единствениот, но е еден од начините да го освоите неговото срце. Мажите сакаат девојки кои знаат да готват или пак се трудат да научат, токму за да можат да им го подготват омиленото јадење. Девојки, правец во кујната и фатете се за работа!

Едноставни девојки
Нашминканите и дотерани куклички кои изгледаат прекрасно, но се вознемируваат секогаш кога ќе им се растури фризурата се тип на девојки со кои мажите можеби ќе посакаат кратка љубовна авантура, но не и сериозна врска.
Мажите сакаат едноставни девојки кои знаат да кажат шега на своја сметка, знаат да се насмеат и да уживаат во друштво, сакаат спонтаност и не прават драма кога шминката не им е беспрекорна или кога чантата не им одговара на чевлите.

Компромис
Наоѓањето заеднички јазик и подготвеноста за компромис се многу важни за секоја врска. На мажите навистина им значи кога партнерката им е подготвена на компромиси и кога знае дека не мора таа да е секогаш во право.


Не потценувајте ги мажите и не гледајте на нив како на личности кои се интересираат единствено за спорт, убави девојки и пиво.
Убавината никогаш не е пресудна, она што навистина е важно е она што го иамте во себе.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3523 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус