Позитива, Статии

На што ме научи животот

05 јуни, 18:53

Многу нешта кои на прв поглед се едноставни, имаат моќ да го променат светот, а секој од нас ја носи таа моќ во себе.

Доколку мислите дека не можете да го промените светот, сетете се на онаа народната „Капка по капка, вир”.

Сите ние сме капки кои заедно го создаваме светот во кој живееме, и секој од нас е подеднакво важен и има моќ да го направи подобар овој свет.

Не чекајте другите да започнат, започнете токму вие и токму сега, бидете првата капка од која ќе се роди поубав свет.

Едноставно е, само потсетете се на она што сте го научиле досега, изберете простување наместо лутење, добрина наместо злоба, изберете да давате, наместо да земате.

А ако сте го заборавиле она што е важно, ќе ве потсетам што научив јас досега.

Научив дека:

Колку и да се грижам, некои луѓе не се грижат за мене, но тоа не е причина да не бидам тука за нив кога им треба помош.

Потребни се години за да се изгради доверба, а само неколку секунди за да се изгуби.

Не е важно што имаш во животот, важно е КОГО имаш во животот.

Понекогаш, оние за кои не си ни помислил дека ќе ти помогнат, ќе ти подадат рака да станеш, кога животот ќе те турне на колена.

Ако некој не те сака на начинот на кој очекуваш, не значи дека не те сака со цело срце.

Секогаш можеш да направиш уште еден чекор, па колку и да изгледа тешко и невозможно.

Ќе го споделите ли со нас она што вие сте го научиле?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2377 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус