Позитива, Поучни приказни

Што ти е утеха ...

29 септември, 07:12

Млада мајка на која пред неколку месеци ѝ бил дијагностициран рак, морала да се оперира и да прима хемотерапија, поради што изгубила повеќе килограми и ја изгубила својата коса.

Еден ден додека седела замислена во кујната, нејзиниот мал син се појавил на вратата и љубопитно ја посматрал.

Кога мајката почнала да се спрема за да му објасни зошто таа е со таков физички изглед, детето се приближило до неа, силно ја гушнало и седнало во нејзиниот скут. Ја наведнало неговата глава на нејзините гради и се кротело во нејзината прегратка.

Мајката му рекла: „Еден ден, се надевам за брзо, повторно ќе изгледам како што бев претходно, ќе се поправам, ќе имам коса и тогаш ќе ми биде многу подобро”.

Кога ја слушнало детето, се замислило и се исправило. Со неговата детска и наивна искреност ѝ рекло на мајка си: „Да, ќе имаш друга и поинаква коса, но срцето ќе ти биде секогаш исто”.

Кога ги слушнала зборовите, мајката не морала повеќе да чека да дојде „еден ден” за да биди подобра. Во истиот момент нејзе веќе ѝ било многу, многу подобро ...


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2595 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус