Здравје, Здрави навики

Што треба и што не треба да се јаде пред спиење

24 април, 08:46

Добриот и квалитетен сон е тесно поврзан со здравиот начин на живот и општото здравје на секој од нас. Колку повеќе внимание и грижа посветуваме на сонот, толку повеќе придобивките од него ќе бидат поголеми. 
Доколку сме добро одморени и наспани ќе имаме повеќе енергија за извршување на секојдневните обврски, нема да чувствуваме замор, ќе бидеме посвежи и спремни за справување со било какви секојдневни ситуации. 
Општо е познато дека за да бидеме убаво наспани и одморени доволни ни се од 7 до 8 часа квалитетен сон. Под квалитетен сон подразбираме мирно спиење без разбудување во текот на ноќта и без превртување во креветот. 

Несоницата му е непријател број еден на добриот и квалитетен сон. Може да биде предизвикана од многу причини, како доживеан голем стрес во текот на денот, возбуда за нешто што треба да се случи во наредниот ден, но може да биде предизвикана и од храната која непосредно пред легнување сме ја внесле во организмот. 

Од листата на состојки информирајте се што е дозволено да се консумира пред спиење и што може да ви помогне да имате подобар и поквалитетен сон, а кои состојки не се препорачуваат да се консумираат пред спиење бидејќи го нарушуваат сонот и предизвикуваат несоница.

Пријатели на добриот сон:


- млеко - една шолја топло млеко пред спиење ќе ве направи да се чувствувате како бебе, ќе ви овозможи квалитетен и мирен сон во текот на ноќта благодарение на аминокиселината триптофан која покрај на сонот влијае и на доброто расположение;

- банана - доволно е да изедете една банана на гладен стомак пред да одите на спиење за да имате мирен и добар сон. 
Калиумот и магнезиумот кои ги има во составот на бананата природно ги отпуштаат мускулите, а истовремено се потребни и за нормални когнитивни функции и зачувување на кардиоваскуларното здравје;
- житарици - со богатиот состав на јаглено хидрати житарките се одличен оброк пред да се оди на спиење бидејќи токму тие, јаглено хидратите се многу добри за мирен и квалитетен сон. Секако, не треба да се претера со порцијата, таа треба да биде составена од 5 до 6 лажици корнфлекс прелиени со топло млеко;
 - чај од валеријан - според некои испитувања докажано е дека чајот од коренот, листовите или стеблото на растението валеријан многу добро влијае врз подобрувањето на квалитетот на сонот, како и врз побрзо настапување на сонот. Доколку подолго време не можете да заспиете, покрај чајот се препорачува да се консумираат и неколку капки од екстракт од валеријан кои се потполно природни и кои содржат голем концентрат на растението валеријан.

Непријатели на сонот:


- темно чоколадо - чоколадото покрај тоа што е калорично содржи и кофеин кој е голем непријател на сонот. Темната чоколада содржи многу поголем процент на кофеин за разлика од останатите чоколади. Колку за споредба, 45 грама млечна чоколада содржи 12 милиграми кофеин, а исто толку грама темна чоколада содржи околу 20 милиграми кофеин, што е исто колку половина шолја еспресо. Поради ова избегнувајте на вечер да јадете било какво чоколадо.
- вино - пред спиење не се препорачува да се консумира било кaков алкохол, а особено вино, бидејќи покрај тоа што ќе се будите неколку пати во текот на ноќта, алкохолот исто така ќе ви предизвика и грчење;
 - пилешко месо - додека спиеме варењето на храната се намалува за 50%, односно додека телото одмара се одмара и желудникот. Ако пред спиење внесеме големо количество на протеини варењето на храната ќе се забрза, па наместо да имаме мирен и квалитетен сон цела вечер ќе се справуваме со храната. Резултат на ова е настапувањето на несоница.

Поговорката која од памтивек постои и ја кажуваат најчесто постарите лица дека спиењето со празен стомак е најдобро и најздраво се покажува како многу успешна и се применува сѐ повеќе и повеќе од сѐ поголем број на луѓе.

Што треба и што не треба да се јаде пред спиење, Sto treba i sto ne treba da se jade pred spienje


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2879 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус