Здравје, Природни лекови

Сурутка – најздравиот млечен производ

16 јуни, 07:00

Сурутката е исцедокот кој се добива при засирувањето на млекото, односно нус-производ. Ги содржи околу 20% од вкупните протеини кои ги има во млекото од животинско потекло. 

Покрај големото количество протеини, ги содржи сите девет амино-киселини кои се значајни за организмот.

Лесно се апсорбира, може да се додаде како додаток во различни диети, често се користи за одржување на мускулната маса и за спречување на мускулна атрофија. Заради забрзувањето на метаболизмот и подобрувањето на потрошувачката на масти сурутката помага за намалување на телесната тежина. Особено се препорачува за личности кои се физички активни и за оние кои имаат слаб имунолошки систем. 

Овој состав на протеини и амино-киселини е добар за намалување на ризиците од срцеви заболувања, рак и дијабетес. Според некои истражувања се смета дека големото количество на протеини од сурутка го зголемува глутатионот кој како антиоксиданс го брани телото од различни токсини.

Храна која содржи сурутка

Сурутката може да се најде во најразлични производи кои содржат млеко, и тоа: млеко од животинско потекло, млечни производи (кашкавал, сирење, јогурт), путер, крем.

Mlecni proizvodi koi sodrzat surutka

Несакани дејства

Голем дел од луѓето добро го поднесуваат овој додаток во исхраната. Во ретки случаи може да се јави: подуеност и грчеви во стомакот, гадење, гасови и алергиски реакции.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 8794 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус