Занимливост, Интересно

Швајцарците го градат првиот мост кој поврзува врвови на Алпите

17 септември, 12:28

Откако пред две години го изградија Titlis Cliff Walk, највисокиот мост во Европа, Швајцарците повторно се покажаа како револуционери во изградбата на екстремно високи мостови наменети за авантуристи.

На висина од околу 3 км над морското ниво, Швајцарците го градат Peak Walk, или Прошетка по врвот, неверојатно смела градба која поврзува два врва на Швајцарските Алпи.

Ова е прв мост од ваков тип во светот и се проценува дека ќе чини околу 1,8 милиони франци (околу1,93 милиони долари).

Мостот со должина од 107 метри делумно ќе биде направен со стаклен под и ќе може да поднесе ветар со брзина и до 250 км/ч.

Конструкторите тврдат дека мостот може да смести околу 300 лица истовремено, но за да се избегнат турканици во исто време ќе биде дозволено да го минуваат 150 лица.

Оние кои ќе се решат да го поминат овој револуционерен мост ќе може да уживаат во спектакуларната глетка на Монт Блан и Ајгер, а воедно ќе бидат и првите луѓе во светот кои за само неколку минути ќе освојат два врва на Алпите.

Иако изградбата на ова чудесно дело е отежната поради лошото време, се очекува да се запази рокот и мостот да биде пуштен во употреба во ноември оваа година.

Прошетката по врвовите ќе биде достапна преку цела година, потполно бесплатно.

Titlis Cliff Walk, највисокиот мост во Европа, Швајцарци, Peak Walk, Прошетка по врвот, франци, Монт Блан, Ајгер, Алпи, алпинизам, планинарење, alpi, alpinizam, most, svajcarija

автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2003 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус