Здравје, Здрави навики

Свеќа – вежба за совршено здравје

18 јули, 05:52

Во јогата е позната како Сарвангасан, моќна асана која има повеќекратно позитивно влијание врз здравјето.

За нас е позната како Свеќа, навидум сосема обична вежба на која можеби и не ѝ придаваме никакво значење.

Оваа едноставна вежба многумина ја нарекуваат кралица на асаните, токму поради нејзината моќ да го зачува здравјето.

Свеќата има многу позитивни ефекти врз организмот:

  • Го намалува стресот и депресијата;
  • Ја чисти плуќата;
  • Ги ублажува симптомите од менопауза;
  • Ја стимулира работата на простатата, органите во стомакот и штитната жлезда;
  • Лекува  несоница;
  • Ја подобрува циркулацијата, што е од големо значење за оние кои поголем дел од денот поминуваат во седење;
  • Помага за слабеење и регулирање на телесната тежина;
  • Помага при неплодност;
  • Помага при астма и воспаление на синусите;
  • Го смирува умот и го намалува заморот .

Редовното практикување на свеќа е здрава навика која ќе придонесе да се чувствувате одлично, да бидете здрави и одморени.
Иако е најдобро да се прави во присуство на учител по јога за да научите како правилно се изведува, можете да се обидете и дома. Пред да започнете, затворете ги очите и замислете ја изведбата на вежбата. Внимавајте да не се напрегате премногу, да останете кратко во положбата на свеќа или додека ви е удобно, внимателно погледнете го видеото со изведбата на вежбата и не заборавајте да дишете додека сте во положбата на свеќа.

Напомена: Оваа вежба не смеат да ја прават:

  • жени во периодот на менструалниот циклус
  • лица со болно срце
  • лица со зголемена тироидна жлезда
  • лица со висок крвен притисок
  • трудници
  • лица кои имаат проблеми со долниот дел од грбот

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7988 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус