Убава наша, Репортажи

Светиот Јоаким Осоговски

23 август, 00:24

Остануваат уште само неколку дена до одбележување на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица, кој традиционално, секоја година се одбележува на 28 август.
Многу духовни светилишта ширум земјава го празнуваат овој празник, а некои од нив го носат и името на Мајката Божја.

Еден таков манастир во кој со сите почести се одбележува овој светол ден е и манастирот посветен на светецот Јоаким Осоговски кој се наоѓа во непосредна близина на Крива Паланка.
Манастирот е оддалечен е од градот околу 3 километри и името го добил по Јоаким - млад испосник кој животот го поминувал во пост и молитва.

Светиот Јоаким Осоговски, Svetiot Joakim Osogovski ubava nasa, razglednici, reportazi, Osogovski manastir, Sveti Joakim Osogovski, Joakim Osogovski, osogovijata, Kriva Palanka, 28 avgust, Bogorodica, Golema Bogorodica, убава наша, разгледници, репортажи, Осоговски манастир, Свети Јоаким Осоговски, Јоаким Осоговски, осоговијата, 28 август, Богородица, Голема Богородица

По долгото патување во потрага по мирно и тивко место во кое целосно ќе може да му се посвети на Бога, Јоаким стигнал до местото наречено Сарандапор, каде во   пештера го поминал сиот негов живот предаден на Бог.
Бил познат како човек кој им помагал на болните луѓе, па поради тоа откако починал, бил погребан на местото каде што престојувал со цел и после смртта да биде   блиску до народот, бидејќи кај него постоело верување дека Свети Јоаким Осоговски ќе може да им помогне и од гроб и ќе може да ги слушни нивните молитви.

Светиот Јоаким Осоговски, Svetiot Joakim Osogovski ubava nasa, razglednici, reportazi, Osogovski manastir, Sveti Joakim Osogovski, Joakim Osogovski, osogovijata, Kriva Palanka, 28 avgust, Bogorodica, Golema Bogorodica, убава наша, разгледници, репортажи, Осоговски манастир, Свети Јоаким Осоговски, Јоаким Осоговски, осоговијата, 28 август, Богородица, Голема Богородица

Манастирот бил подигнат кон крајот на 11 и почетокот да 12 век и како што спомнавме е подигнат во чест на светецот Јоаким Осоговски.
На првиот игумен кој бил поставен во новоизградениот манастир на сон му се јавил светецот кој му го открил местото на кое се наоѓаат неговите свети мошти. Исто му покажал и точно од кое дрво сакал да му биде направен ковчег во кој побарал да се пренесат неговите мошти.
Сите барања игуменот беспрекорно ги извршил заедно со помош од послушните браќа од братството и моштите од тогаш сѐ до ден денес се наоѓаат во манастирот и сведоци се на многубројните чуда кои секојдневно се случуваат.

Манастирот секојдневно е посетуван од сѐ поголем број верници и патници намерници кои сакаат од блиску од светите лица да ја слушнат целата историја за светиот Јоаким Осоговски и кои сакаат да се поклонат пред моштите на овој светец.

Светиот Јоаким Осоговски, Svetiot Joakim Osogovski ubava nasa, razglednici, reportazi, Osogovski manastir, Sveti Joakim Osogovski, Joakim Osogovski, osogovijata, Kriva Palanka, 28 avgust, Bogorodica, Golema Bogorodica, убава наша, разгледници, репортажи, Осоговски манастир, Свети Јоаким Осоговски, Јоаким Осоговски, осоговијата, 28 август, Богородица, Голема Богородица

Манастирскиот комплекс располага со две цркви. Едната помалата е посветена на Пресвета Богородица и е градена во 14 или 16 век врз темели на стара црква која постоела на ова место во 11 и 12 век, во чија непосредна близина се наоѓа извор со студена планинска вода за која верниците сметаат дека е лековита и другата, големата црква Св. Јоаким Осоговски која била започната да се гради во 1847 а била завршена во 1851 година.
Покрај двете цркви комплексот располага и со неколку конаци кои нудат услови за престој на гости, ресторан во кој се готват традиционални македонски јадења, како и изобилство од недопрена природа и божествена убавина.

Овој 28 - ми август посетете го манастирот Св. Јоаким Осоговски и заедно со сите други многубројни луѓе кои доаѓаат од целата наша држава бидете гости на православната прослава која секоја година на ова свето место се организира во чест на Мајката Божја.
Во Св. Јоаким Осоговски на 28 - ми август почувствувајте ја магијата на духовното обединување на сите верници

Светиот Јоаким Осоговски, Svetiot Joakim Osogovski ubava nasa, razglednici, reportazi, Osogovski manastir, Sveti Joakim Osogovski, Joakim Osogovski, osogovijata, Kriva Palanka, 28 avgust, Bogorodica, Golema Bogorodica, убава наша, разгледници, репортажи, Осоговски манастир, Свети Јоаким Осоговски, Јоаким Осоговски, осоговијата, 28 август, Богородица, Голема Богородица .

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7908 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус