Позитива, Статии
Светот се збогува со Нелсон Мандела
Во 95 – та година од животот почина Нелсон Мандела, најголемиот борец за мир, човек кој го посвети својот живот на борбата за правда и еднаквост.
Таткото на борбата против апархејдот 27 години од животот помина во затвор, токму поради неговата борба против расната дискриминација.
Мандела беше добитник на Нобелова награда за мир, а зад себе остави дела и зборови кои светот никогаш нема да ги заборави.
Светот загуби голем човек, борец, хуманист, човек кој цел живот активно се бореше за подобар свет, а синоќа ја заврши долгата борба и замина на почивка.
Во чест на најголемиот борец за мир и човекови права, ве потсетуваме на некои од неговите најубави мисли кои треба да станат водилка за секое човечко суштество.
„Да бидеш слободен не значи да отфрлиш нечии синџири, туку да живееш на начин кој ја почитува и подобрува слободата на другите”.
„Најголемата слава во животот не е во тоа никогаш да не паднеш, туку да се подигнеш секогаш кога ќе паднеш”.
„Откако ќе се искачи на голем рид, човекот открива дека има уште многу ридови за качување”.
Почивај во мир, добар човеку.
Додади коментар