Тајната на Шамбала

21 декември, 06:46

Книгата ја читав одамна и на добар дел од неа не се сеќавам јасно, но она на што се сеќавам е неверојатното чувство кое ме обземаше додека ја читав.

„Тајната на Шамбала” е прекрасно дело за сите вљубеници во пишаниот збор, книга полна мудрости и духовни богатства.

Романот ќе ве поведе на едно незаборавно патување во потрага по тибетанската легенда за Шамбала, таинствениот рај на Земјата, место на спокојот, мудроста и духовноста.

tajnata na sambala, Тајната на Шамбала, Целестинското пророштво, Десеттиот увид, Џејмс Редфилд
Иако никој не го потврдил нејзиното постоење, Шамбала се среќава во повеќето светски религии и сите тие ја сметаат за центар на духовноста на Земјата.

„Тајната на Шамбала” ќе ве научи многу нешта, ќе ве врати кон духовноста на која сите некако сме подзаборавиле, ќе ве збогати со мудрост и во вас ќе оживее многу моќни вистини.

Романот е дело на Џејмс Редфилд, автор на исто толку познатите и одлични „Целестинското пророштво” и „Десеттиот увид”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7989 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус