Мој предлог, Книга

„Тајните на успехот и среќата” од Ог Мандино

12 јули, 15:32

Благодарение на инспиративните, мотивирачките лекции од неговите популарни книги, за Ог Мандино со сигурност може да се каже дека има пријатели колку што има жители на Земјата.

Оваа книга е неговиот подарок на сите пријатели, стари и нови, книга која можеби тие најмногу ќе ја ценат и ќе ја сакаат.

„Тајните на успехот и среќата” е величествен дневник, интимно сведоштво на Мандините најдлабоки мисли, чувства и доживувања од неговиот секојдневен живот. 
Без разлика дали пишува додека седи во куќата на својата фарма во Њу Хемпшир за време на снежна бура или во хотелска соба каде било во светот, без разлика дали им посветува внимание на крилјата на птиците, или е загрижен околу болеста на својот пријател, или брза да стигне на авион, или пак сади домати во својата градина, Мандино своите тајни на успехот ги претвора во начин на живот.

Со читателите споделува анегдоти, во исто време и тажни и забавни, но и своите емоции по бројните средби со луѓето. Меѓутоа и кога ќе падне во неволја и тоа тој го споделува со своите читатели.

Почетокот на овој негов дневник кажува многу за содржината која е во него. Започнува со зборовите:

„Фатете ме за рака. Бидете мој сопатник и пријател на овие страници. Полетајте со мене до чудните градови и следете ме до бините во театрите и салите за состаноци, пред голем број на луѓе, каде што ги одржувам своите говори за среќата и успехот. Потоа опуштете се овде со мене, во мојата работна соба, во сјајот на каминот и дојдете со мене во една долга прошетка меѓу боровите и брезите покрај мојата стара селска куќа, додека снегот паѓа, а вервериците чекаат да ги нахраниме ...”

Живеејќи со него и читајќи ги неговите размислувања, сите ние повторно ја наоѓаме радоста во прашањето што ќе ни донесе утрешниот ден, како и советот никогаш да не ја трошиме силата во жалење за она што било вчера.

Системот на успехот што го има Мандино не може да се научи, тој мора да се доживее, па затоа најтопло и најискрено ви препорачуваме да го прочитате овој личен дневник на Мандино и од него да извлечете поука која ќе ја применувате во вашиот живот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3228 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус