Техно Свет

2.4 милијарди Интернет корисници во светот

18 јануари, 13:50

Порталот Mashable ја објави својата анализа за 2012 година: 2.2 милијарди корисници на е-mail, 634 милиони веб сајтови, 246 милиони нови домејни.

Според анализата, ширум светот 2.4 милијарди користат Интернет, а на Google има дури 1.2 трилиони пребарувања. Освен како пребарувач, Google е и најголемата електронска пошта во изминатата година со 425 милиони корисници.

Кога станува збор за социјалните мрежи, дневно се лајкува 2.7 милијарди пати на facebook, 175 милиони твитови дневно, а Google +1 се користи неверојатни 5 милијарди пати дневно.

На youtube месечно се прегледуваат по 4 милијарди саати видео содржини, а на facebook се прикачени фотографии со вкупна големина од неверојатни 7 петабајти, што е 7.000 терабајти.

На крајот од 2012 година во светот се користеа 1.3 милијарди паметни телефони.

Facebook во октомври изминатата година надмина 1 милијарда корисници.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 956 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус