Техно Свет
Бентли го претстави најбрзото купе досега
Бентли ја претстави ограничената серија на нивниот најбрз спортски автомобил досега, купето Continental GT3-R.
Купето е опремено со 4 литарски твин-турбо V8 мотор кој располага со 572 кс.
Автомобилот развива брзина од 100 км/ч за 3,8 секунди, со максималната брзина од 273 км/ч.
Големата брзина и моќност на ова купе се должи делумно и на неговата тежина. Имено, Continental GT3-R е за 100 килограми полесен од Бентлиевиот GT V8 S.
Continental GT3-R е совршен спој на динамичност и убавина.
Подобрениот менувач, погонот на сите тркала, одличниот систем за електронска контрола за стабилност, сè е подредено на совршенството и динамичноста.
Внатрешноста е исто толку импресивна како и перформансите на купето. Седиштата, воланот и менувачот се обложени со кожа, а зелените рабови на седиштата се одличен контраст кој уште повеќе го потенцира луксузот на внатрешноста.
Сите 300 автомобили од ограничената серија ќе бидат произведени во бела боја, со истите зелени линии како и во внатрешноста.
Тимот на Бентли е особено горд на своето динамично купе, за кое извршниот директор на Бентли изјави дека е ново ниво во историја на Бентли, производ кој претставува вистинска прослава за инженерството.
Додади коментар