Техно Свет

Ford Fusion – Зелен автомобил за 2013

30 ноември, 15:06

Green Car Journal го претстави Ford Fusion, добитникот на наградата за „Зелен автомобил 2013”. Победникот беше прогласен синоќа, на автомобилско шоу во Лос Анџелес.

Секоја година познатиот магазин избира „зелен автомобил” кој има минимално штетно влијание врз природата, односно намалена емисија на штетни гасови. „Зелените автомобили” најчесто се хибриди со повеќе од еден извор на енергија, како што е електричен мотор и мотор со внатрешно согорување или електромотор со батерија и горивни ќелии за складирање на енергија. 

Покрај победникот, за наградата конкурираа и Toyota, Dodge, Mazda и уште еден Ford модел. Минатата година наградата за „зелен автомобил”  ја доби Honda Civic GX.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 4425 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус