Техно Свет

Како да заштедите гориво во зимскиот период

29 јануари, 03:19

Во зимскиот период трошоците околу вашиот автомобил се зголемуваат. Покрај потребата од зимски гуми, зимска опрема, антифриз, течност за бришачи која не замрзнува, имате уште низа трошоци, меѓу кои и оние за гориво, кои удираат по вашиот џеб.

Сепак и зимата има свои предности, во овој период можете да заштедите до 30% на гориво.

Се прашувате како? Треба само да се придржувате до следните 10 совети.

1. Избегнувајте возење на кратки релации
Моторот работи на одредена оптимална температура, но поради ниската надворешна температура, на кратки релации тој поспоро доаѓа до неговата оптимална температура, со што се зголемува потрошувачката.

2. Не го загревајте моторот во лер
Многумина мислат дека моторот најдобро се загрева во лер и на тој начин повеќе може да се сочува. Но, тоа не е точно. Моторот најдобро се загрева кога е под мала туража.

3. Возете со поголем степен на пренос и помал број на вртежи
Возењето со поголем степен на пренос и помал број на вртежи на моторот заштедува на гориво, но внимавајте да не ја изгубите контролата.

4. Отстранете ја непотребната опрема
Кога патувате, наместо во багажникот, ставете куфер на покривот каде ќе ги сместите сите ваши предмети, како би ја намалиле тежината која моторот треба да ја влече.

5. Исклучете ги електричните потрошувачи
Најчесто во екстремно ладни услови грејачите во автомобилот се на максимум, што пак е голем потрошувач на енергијата од моторот. Затоа, барем од време на време, кога ќе постигнете одредена температура, исклучете ги за да заштедите.

6. Проверете го притисокот на гумите
Поради ниските температури притисокот во гумите може да опадне за 0,7 бари. Ова намалување не е видливо со голо око, но влијае врз потрошувачката на гориво.

7. Чувајте го автомобилот в гаража
Температурата в гаража е далеку повисока од онаа надвор. Тоа ќе ви помогне побрзо да го загреете моторот на утро и да заштедите на гориво.

8. Отстранете го снегот
Имајте навика во услови на снег и мраз пред тргнување добро да го исчистите автомобилот. Налепениот снег и мраз само ќе ја зголемат тежината која треба да ја влече моторот,а со тоа и потрошувачката.

9. Користете квалитетно масло
Висококвалитетните масла и на пониски температури остануваат во течна состојба и ја намалуваат потрошувачката дури до 6%.

10. Редовно одржувајте го вашиот автомобил
Затнатиот филтер за воздух, неисправните сензори или старите свеќици исто така ја зголемуваат потрошувачката на гориво. Додека пак неисправниот мотор може да троши и до 50% повеќе гориво од вообичаено.
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4093 пати.

Коментари [1]

jas

ne vozete !

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус