Техно Свет

Како го оштетуваме автомобилот?

14 јуни, 08:00

Независно од искуството кое го имаме, често потсвесно го контролираме автомобилот на погрешен начин. Секогаш кога имаме проблем се прашуваме зошто?

Ова се најчестите грешки кои ги правиме:

Нередовен сервис

Постојаното одлагање на редовниот сервис е една од основните причини. Наместо навремено откривање на можниот проблем вие се одлучувате прво тој да се случи, па да реагирате. Така само ќе платите повеќе. Треба да се почитува временскиот период за проверка кој фабриката производител го пропишува за автомобилот.

Нечист филтер за воздух

Филтерот за воздух треба редовно да се чисти и на одреден период да се менува. Нечистиот филтер го намалува протокот на воздух кон моторот, поради што тој ја губи својата сила и ја зголемува потрошувачката на гориво.

Неправилен притисок на гумите

Најмалку еднаш месечно треба да направите проверка на притисокот на гумите. Кога гумата има помал или поголем притисок од потребниот троши повеќе гориво и побрзо се оштетува.

Непотребно користење на кочницата

Многумина возачи повеќе го користат моторното кочење. Така на пример: додека чекаат на семафор ја чуваат притисната кочницата, наместо да го извадат од брзина автомобилот и да ја користат рачната кочница, ја одмараат ногата на кочница или ја користат кочницата и кога е непотребно. Овие лоши навики го скратуваат употребниот век на кочниците и до 7 000 км. Затоа почесто користете рачна кочница, кога чекате најдобро е автомобилот да го извадите од брзина и потрудете се да не кочите нагло. Внимателното возење е добро и за автомобилот.

Го гасите автомобилот со загреана турбина

Турбините најмногу се оштетуваат, ако после подолго возење одеднаш ја изгасите колата. Тогаш ситните капки од масло и нечистотија ќе се налепат на оската на роторот. После подолго возење се препорачува колата да работи надвор од брзина барем 2-3 минути за капките масло и нечистотија да излезат од турбината.

Прескокнување на дупки

Брзото возење преку дупки, стар пат или лежечки полицајци предизвикува оштетување на управувачкиот систем на автомобилот, како што се: споните, амортизерите... чии сервис е прилично скап.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2604 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус