Техно Свет

Lexus Is

11 јануари, 10:22

Новите фотографии од најновиот модел на Lexus Is покажуваат дека дизајнерите својата работа ја продолжиле таму каде што претходно застанале со поранешните модели.

Јапонската компанија Lexus потврди дека во игра се и ќе бидат досегашните верзии на Lexus, како Lexus Is 250 и Lexus Is 350, но дека наскоро ќе биде достапна и хибридната верзија Lexus Is 300 x за која нема да постои дизел мотор, бидејќи ќе биде заменет со хибриден погон.


 

Внатрешноста е направена од многу луксузни и префинети материјали, како што впрочем и се очекуваше. Задржувајќи ја елегантната линија, Lexus Is има едноставни дизајни за вентилација и едноставна контролна табла. Ентериерот е многу попростран, а особено комфорно ќе им биде на патниците кои ќе се возат на задното седиште, бидејќи задните потпирачи од предните две седишта се делливи помеѓу себе со размер 60/40.


Предниот дел на новиот Lexus Is е сменет во целост и е највпечатлив дел од овој нов автомобил. Новата маска на ладилникот, новите фарови под кои се вградени дневни LED светла на посебен начин во браникот, како и клинестиот облик на браникот, го прават овој Lexus Is многу поразличен од неговите претходници.

 

Задниот дел на автомобилот ја задржал претходната провокативна линија, само што тука повеќе се нагласени острите линии на фаровите, со што новиот Lexus Is добива поагресивен изглед.


 

Благодарејќи на профилниот изглед кој е инспириран од купе, Lexus Is може да се пофали со голема аеродинамика. Впрочем тоа е и главната одлика на автомобилите од Седан групацијата.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 851 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус