Техно Свет

Неодоливиот Mercedes-Benz (новата) A Class од септември во салоните низ Европа

30 јули, 15:15

По своето претставување на женевскиот авто-салон, во средината на март, овој прекрасен убавец од септември ќе се најде во продажните авто-салони низ Европа.

Компанијата Мерцедес успеа да го примени новиот динамичен дизајн на автомобил од А класа, притоа задржувајќи ги препознатливите детали карактеристични за возилата од нивната производна линија. Овој динамичен стил, исто така е изразен и преку дизајнот на ентериерот на новата А класа.

Мерцедес А класа на пазарот ќе се појави во три варијанти: Urban, Style и AMG Sport.

Според досегашните информации, од погонскиот агрегат можеме да ги очекуваме бензиските мотори од 1.6 до 2.0 литри, со распон на сила од 115 до 211 КС, како и дизелите од 109 и 136 КС, и новите 2.2 литарски CDI кои развиваат 170 КС.

 

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 539 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус