Техно Свет

Новиот Lexus LF-LC Blue концепт деновиве ќе биде претставен на саемот во Сиднеј

19 октомври, 15:09

На автомоблискиот саем во Сиднеј кој ќе трае од 19 до 28 овој месец, Lexus ќе го претстави новиот Lexus LF-LC Blue концепт.

Новиот Lexus LF-LC Blue concept ги има истите перформанси како и Lexus LF-LC. Разликата помеѓу овие два модели е во бојата на каросеријата и ентериерот. 

Само за потсетување, Lexus LF-LC својата премиера ја доживеа на почетокот на 2012 година, на саемот во Детроит.

Неговата појава го освојува секој здив. Секако дека е очекувано, како поради надворешниот, така и поради внатрешниот дизајн.

Длабочината која ја даваат светлата и нивната L форма одлично се совпаѓаат со прекрасната силуета на овој спортски автомобил која го нагласува секое негово движење.

Стаклениот покрив изработен според најновите стандарди овозможува удобност при возењето и одличен поглед.

Внатрешниот дизајн на Lexus LF-LC овозможува поголема удобност за возачот, поточно наликува на пилотска кабина во помали размери.

12, 3 инчниот LCD eкран служи за навигација, за контрола на аудио системот, контрола на климата, во долниот дел ги покажува температурата и горивото.

Во делот помеѓу возачот и совозачот е поставен екран осетлив на допир, на кој може да користите татстатура и преку корисничкиот интерфејс да внесувате посложени записи. Седиштата се обложени со кожа и велур, а може да се забележи и присуството на дрво како декор на ентериерот. 

Со еден збор ПРЕКРАСЕН.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 789 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус