Техно Свет

Очекувајте го новиот VW Golf Blue e-motion

20 август, 15:34

Volkswagen Golf активно работи на усовршување на нивниот нов автомобил, VW Golf Blue e-motion. Тоа што овој автомобил го прави поразличен од другите е неговата моќ да користи батерии во замена за нафтени деривати. Неговото деби од Volkswagen Golf го најавија во 2014 година.

Овој убавец нема да може да го најдете во најблискиот салон, овластен за VW. Во прво време ќе се продава како Golf MkVII модел, кој на јавноста ќе ѝ биде претставен кон крајот на оваа година.

Во споредба со дизел автомобилите на оваа компанија, новиот Golf е побавен и е потежок за 250кг. Но, факт е неговата убедлива предност пред сите автомобили од овој тип. Плус додатоци кај овој автомобил се: копчето за контролирање на брзината, се наоѓа веднаш зад воланот; отворот под знакот за Golf на предниот дел, кој служи како приклучок за полнење; предупредувачкиот звук дека сте пред пешачки премин; соларниот покрив кој има улога на клима кога вашиот автомобил е паркиран; алуминиумски тркала, како и лед осветлување.

За производство на ваков модел, VW вложува наголемо, поради што, се шпекулира дека со тоа сака да влезе на нов пазар, да биде број 1 на пазарот за електрични автомобили. Засега, најголемиот проблем со кој се соочува оваа и многу други компании кои работат на вакви проекти, е капацитетот на батеријата, која кај овој модел овозможува да поминете околу 150 км.
 
Спецификации:
Цена: 25.000 фунти
Електричен мотор: 113 bph
Сила на ротација: 270 Nm
0-100 км/ч: 11.8 секунди
Максимална брзина: 135 км/ч
Со едно полнење може да помине 150 км
 
На овој линк може да го погледнете тест возењето со VW Golf Blue e-motion: http://www.youtube.com/watch?v=Wo-yYl9Zhbs&feature=em-subs_digest

 

 

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1232 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус