Техно Свет

Opel Zafira Tourer

02 јуни, 07:16

Ви треба конфор и место за целото семејство? Планирате возбудливо патување ова лето со вашето друштво? Ви треба автомобил по ваша желба? Вам ви треба Opel Zafira Tourer!

 

 

 

 

Само ова не може да се одбие:

Остар поглед кој ги освојува патиштата и совршена силуета која се вклопува со просторот.

Комфорност за вас и вашите сакани, место за 7 патници благодарение на просторноста и ергономските седишта.

Панорамскиот поглед и сончевиот кров.

Opel Zafira Tourer

За поголема безбедност, вградени се камери кои ќе ве предупредат за растојанието меѓу вас и автомобилот пред / зад вас и за знаците кои укажуваат на условите за возење по патот. На екранот вграден во предната маска можете да видите колкаво е растојанието меѓу вас и автомобилот пред/зад вас, благодарение на вградените камери.

Opel Zafira Tourer

Новиот систем за осветлување кој е вграден во Opel Zafira Tourer нуди 9 различни опции за прилагодување на светлата при возење. Со тоа Opel нуди можност за поголема прегледност во различни услови на патиштата.

На ретровизорот од страната на возачот поради слепата точка кога некој ве престигнува се појавува симулација која ви покажува дека некој ве престигнува. Овој проблем се јавуваше и кај претходните верзии. Поради должината на автомобилот во одредени точки не може да се забележи кога некој ве престигнува. Сега тоа е решено.

При доближување до возило пред вас на недозволено растојание се активира автоматско кочење.

Opel Zafira Tourer има Flex 7 Plus седишта, кои овозможуваат прилагодување на седиштата и просторот по ваша желба.

Opel Zafira Tourer

Opel Zafira Tourer

За оние кои сакаат со себе да ги понесат и своите велосипеди, Opel Zafira Tourer има вграден Flex Fix држач за велосипеди, со можност за само два велосипеди.

Opel Zafira Tourer

Помеѓу двете предни седишта автомобилот нуди простор за вашите потреби при возење, релаксатор за рака, држач за кафе, простор за вашиот телефон, пенкало и некои ситни предмети.

Opel Zafira Tourer

Каде ќе ги сместите вашите работи? Тоа што изненадува покрај големиот багажник и просторот за помали предмети вграден во предната маска се и кутиите под предните седишта. Едноставно, има место за сè што ви е потребно.

Opel Zafira Tourer


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1833 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус