Техно Свет

Почувствувајте ја разликата со Ford B-MAX

26 јуни, 08:10

Со своите одлични перформанси, примамливиот изглед и просторот кој го нуди, Ford B-MAX ќе го освои секој ваш поглед.

B-MAX автомобилот е произведен според одличниот Ford Fiesta. Иако на изглед не го надминува, овој автомобил изненадува со одличниот и практичен простор, со својата флексибилност и системот на лизгање на вратите. B-MAX има 5 врати, алуминиумски тркала и LED дневни светла.

На љубителите на панорамскиот покрив им се нуди можност да ги изберат специфичните модели на овој автомобил. 

Што се однесува до сигурноста, овој автомобил нема да ве изненади со нешто ново. Како што и претходно спомнавме, ги има истите карактеристики како Ford Fiesta. Форд прави напори за надградување на безбедносниот план на своите автомобили. Кај B-MAX можете да ја забележите екстремната цврстина во делот околу вратите, страничните прагови и покривот. 

Дизајниран е да нуди удобност и можност да ги поместите седиштата со цел да го зголемите просторот на гепекот. Достепен е во 14 бои, со квалитетна изработка на материјалите за ентериерот.  

Новиот 1.0 литарски турбо мотор нуди мешавина од перформанси и економичност. Доколку сакате екстра економичен автомобил, вашиот избор ќе бидат дизел моторите на новиот В-МАХ. Ако на сето тоа го додадете и евтиното сервисирање, одлуката е донесена. 

Ford B-MAX е одличен модел кој ќе ги задоволи вашите и потребите на вашето семејство.

Оцена: 4+

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2144 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус