Техно Свет

SAMSUNG GALAXY S III

23 август, 16:02

Прочитајте зошто најдобриот модел на Samsung, GALAXY S III ќе ве придобие на прв поглед. Со својот дизајн, инспириран од природата, оди чекор понапред од smartphone.

Со технологијата „слика-во-слика”ќе ви овозможи истовремено да гледате HD видео во друг прозорец при праќање на е-mail или текст. 

Нуди најлесен начин за да ги споделите вашите фотографии. Ги препознава лицата кои се на фотографиите и преку вашите групи на профили ги споделува истовремено фотографиите кај сите нив.

Погледнете дел од неговите карактеристики:

- тип на екран: AMOLED LCD осетлив на допир, Corning Gorilla 2; стакло отпорно на гребнатинки;

- резолуција: 720 x 1280 пиксели, 4,8 инчи;

- тежина: 133 грама;

- димензии: 136,6 x 70,6 x 8,6 милиметри;

- капацитет на батеријата: Li-Ion 2100 mAh;

- звучници: стерео;

- резолуција на камерата: 3264 x 2448 пиксели;

- оперативен систем: Android OS на 1,4 GHz

SAMSUNG GALAXY S III ве разбира, ве слуша, ве гледа и одговара на вашите потреби. Едноставно знае кога и како да ви помогне.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 599 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус