Техно Свет

Значењето на автомобилските имиња од компанијата VW

15 јуни, 18:10

Сигурно сте се запрашале што значи името на вашиот автомобил, име кое ве асоцира на нешто моќно, префинето, елегантно. За сопствениците и љубителите на Volkswagen автомобили издвојуваме дел од автомобилските имиња:

 

 

 

VW Jetta го носи името на ветровите кои од Канада продираат во САД.

  

VW Golf е еден од најчестите автомобили по улиците низ Македонија за кого сигурно не сте претпоставувале дека своето име го има добиено според топлата голфска струја.  

VW Passat своето име го добива според тип на ветер кој дува на тлото на Европа.

VW Tiguan - името на овој убавец се поврзува со две животни: тигар и игуана. Ги има ли нивните карактеристики?

VW Touareg или во превод слободен народ. Меѓу другото, тоа е и име на африканско племе кое живее во пустина и само успеало да се издигне, пред сè поради трговијата со скапоцени стоки.

VW Beetle - именуван според инсект од редот на Колеоптери. Со својот изглед заслужено го носи своето име.

VW Routan не е првичното име на овој автомобил. Првото име му е route, што значи правец. Подоцна германските рекламни куќи го додаваат членот an.

VW Eos - именуван според грчкиот бог на зората. 

Кој ветер го возите вие?


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2677 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус