Позитива, Поучни приказни

Тенкото јаже на вербата

01 мај, 00:02

Некој човек случајно поминувал покрај група слонови и на негово големо изненадување забележал дека секое од огромните суштества е врзано само со едно мало јаженце околу неговата нога.

„Човекот го забележал тренерот на слоновите и веднаш го запрашал зошто слоновите се врзани на начин на кој веднаш може да се ослободат.

Додека се мали ги врзуваме со исто такво тенко јаже кое е сосема доволно за да не избегаат. Кога ќе пораснат, тие го препознаваат јажето и мислат дека не можат да се ослободат” - одговорил тренерот.

„Интересно” – помислил човекот. „Зарем и меѓу нас луѓето не се случува истото? Колкумина од нас не се обидуваат да тргнат по она што го сакаат и мислат дека нема да успеат бидејќи нивниот прв обид се покажал како неуспешен?”


Неуспехот е дел од животот. Ако не сте успеале првиот пат, тоа не значи дека ви е судено да не успеете, напротив, неуспехот нека ве мотивира да учите од грешките и никогаш да не губите верба. Во спротивно никогаш нема да се ослободите од тенкото јаженце околу вашите нозе.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1293 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2017 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус