„The love punch”

09 октомври, 00:12

Британската комедија „The love punch” е филм од 2013 година кој на едно место ги обедини оскаровците Пирс Броснан и Ема Томпсон.
Двајцата веќе докажани актери играат улога на разведени сопружници.
Нивните животи се сосема различни и независни се еден од друг.
Ричард (Пирс Броснан) е директор на успешна инвестициска фирма кој повремено се состанува со многу од него помлади партнерки, а Кејт (Ема Томпсон) е професорка на факултет која постојано е во потрага по нови личности со кои сака да оствари некаква врска.
Нивните две деца се возрасни и самостојни личности кои сакаат да ги смират своите родители.
Настанот кој ќе се случи во фирмата на Ричард ќе ги однеси поранешните сопружници на подолго и подалечно патување на кое и двајцата ќе сфатат дека пламенот на нивната поранешна врска сѐ уште не е целосно згаснат поради што ќе си дадат уште една шанса за нов заеднички живот.
Поранешниот пар со цел да си го врати она што еден богаташ успеа да го украде од фирмата на Ричард, поради што истата ќе требаше да се затвори, се решава на кражба испланирана до најситни детали, во која како поддршка се јавуваат нивните поранешни соседи кои ги играат Тимоти Спал во улога на Џери и Силија Имре која ја игра Пенелоп, кои исто така сакаат повторно да ги соединат соседите.

Многуте смешни ситуации кои ги има во изобилие во филмот со кои актерите многу успешно се справија го прават „The love punch” интересен, несекојдневен и многу поразличен од филмовите во кои до сега сме имале навика да ги гледаме Пирс Броснан и Ема Томпсон.
Филмот изобилува со прекрасни пејзажи и неверојатни сцени благодарение на тоа што е сниман на локации во Париз, Лондон и на познатата француска ривиера.

Погледнете го трејлерот од одличната комедија и во прва прилика задолжително погледнете го „The love punch” бидејќи верувајте на моменти ќе се смеете до солзи.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2906 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус