Мој предлог, Филм

The Notebook

18 април, 06:16

„Бележник” е прекрасна романтична драма, снимена според истоимената книга на Николас Спаркс.

Двочасовната приказна ќе ве остави без здив, ќе ви донесе многу емоции и со нетрпение ќе го чекате развојот на настаните.

Силната љубов меѓу Ноа (Рајан Гослинг) и Али (Рејчел МекАдамс) ќе биде попречена од семејството на Али, кое не сака нивната ќерка да биде во врска со обичен, сиромашен младич.
Бележникот на Ноа ја содржи приказната за нивната љубов и 365 писма кои ѝ ги напишал, а таа никогаш не ги прочитала.

Дали љубовта е посилна од долгогодишната разделба, колкава верба е потребна за да се оствари сонот од младоста и што сè може да донесе иднината, ќе ви раскаже приказната која ги освои срцата на гледачите.

Оние кои го гледале филмот, го оценуваат како еден од најдобрите романтични филмови, многу поразличен од предвидливите романтични приказни каде уште на почетокот е јасно каков ќе биде крајот.

„Бележник” е вистинско филмско уживање кое ќе ги разнежи дури и оние кои ретко покажуваат емоции.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2231 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус