„Тибетска книга на животот и смртта” од Согјал Ринпоче

10 септември, 06:07

„Човечките суштества го минуваат сиот свој живот подготвувајќи се, подготвувајќи се ... за да го дочекаат следниот живот неподготвени”.

„Тибетска книга на животот и смртта” е книга која е многу различна од книгите, кои некако по навика сме навикнати да ги читаме. 
Оваа книга нуди многу теми за кои треба да се размислува, но најголемиот акцент е ставен на смртта како неизбежен дел од животот на секој човек. 
Книгата има моќ да на учи на многу нови начини и методи, благодарение на кои може полесно да се справиме со смртта како природна појава.

Во продолжение на статијата зборовите на авторот нека бидат мотив за да ја прочитате оваа несекојдневна и интересна книга. 

„Сакам кај секое човечко суштество да исчезне стравот од смртта или од животот и секој да најде дефинитивна среќа до која може да дојде само со длабоко разбирање на природата на умот и на целата стварност.
Се молам оваа книга да помогне за будење на свеста на што поголем број луѓе, за неопходноста од духовното преобразување и итна потреба од создавање на вистинска одговорност, како во однос на себе, така и во однос на другите, за да се изгради општество кое на секој план и во секоја активност ќе го одразува овој едноставен свет став во однос на животот.
Во секој од нас постои неисцрпен резервоар на сила на мудроста, сочувството и љубовта, сила која Христос ја нарекол Небесно царство.
Просветлувањето е секому достапно, зашто внатрешната природа на духот на секој човек е идентична со природата на Буда, кој бил само човечко суштество, како што сме и сите ние.  
Буда значи „внатрешен”, оној што ја бара вистината внатре, во себе и сите учења на будизмот се насочени кон согледување на основната природа на нашиот ум, кон ослободување од стравот и сфаќање на вистината за животот.  
Тоа бара целосен пресврт во нашиот став кон животот и духот. 
Толку сме навикнале да гледаме надвор од себе, што речиси сосем сме го изгубиле пристапот кон своето внатрешно битие. 
Состојбата на нашата првобитна природа отсекогаш била совршена како небото. Стигнувањето до тоа небо во нас значи да се оствариме себеси и да достигнеме просветлување ...” 

- Согјал Ринпоче -


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3583 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус