Здравје, Природни лекови

Тиквата – основа за лечење на најтешките заболувања

30 септември, 06:13

Љубителите на слаткиот ароматичен вкус на тиквата, сите оние кои често ја имаат на трпезата, свесно или не, во своето тело внесуваат и здравје.

За сите оние кои не сакаат или едноставно не се сетиле да јадат тиква, ви ги претставуваме лековитите својства на овој прекрасен плод, кој покрај добриот вкус има и неверојатна хранлива и лековита моќ.

 

 

Тиквата помага при хормонални нарушувања, нарушувања предизвикани од менопауза и запек.

 

Печената тиква особено се препорачува за луѓето кои страдаат од срцеви заболувања.

 

Семките од тиквата имаат значаен терапевтски ефект. Помагаат за уништување на цревни паразити, ги чистат крвните садови, го регулираат нивото на холестерол и ја стимулираат работата на бубрезите.

 

Семките се користат и за лекување на рак, леукемија, склероза и ред други тешки заболувања. Истражувањата покажале дека семките од тиква играат голема улога во борбата со најтешките болести.

 

Сокот од тиква наоѓа голема примена за лечење на чир и несоница. Најдобри ефекти се постигнуваат доколку се пие три пати на ден, половина час пред јадење.

 

Тиквата може да се подготви на повеќе начини, варена, печена, во слатки пити, но најдобро е да се користи печена, без додатоци, бидејќи комбинацијата од тиква и јајца која се користи за слатките пити содржи поголема количина холестерол.


Уживајте во вкусот на тиквата, хранете се мудро и здраво!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 11774 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус