Мој предлог, Книга

„Точка омега“ - Дон ДеЛиле

03 април, 11:07

Дон ДеЛиле е едно од најистакнатите книжевни имиња во американската литература во втората половина на дваесеттиот век. ДеЛиле за делото „Точка Омега“ беше неколку пати номиниран за најдобро дело минатата годината.

Романот „Точка омега“ го прикажува животот на Елстер, поранешен воено стратешки советник на Ирак, кој сакајќи мирен и спокоен живот се повлекува од светот, сокривајќи се во осамена куќа среде пустина. Но, кај него доаѓа ненадеен посетител, млад сценарист кој сака да сними филм. Во филмот треба да се прикаже животот на воено стратешкиот советник, кој раскажува седејќи покрај ѕидот. Осаменоста и монотонијата во романот ќе ја наруши ќерката на советникот, Џеси, која доаѓа кај него на посета. 

Како ќе се развиваат дејствијата во овој одличен роман, дознајте сами!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1860 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус