Точките се во мода!!!

02 април, 00:03

Најновите светски модни куќи и дизајнери ја донесоа и најновата вест која се однесува на машката мода, а таа е дека оваа пролет и ова лето во мода ќе бидат материјалите на кои се испечатени принтови со точки, кругови и секакви кружни форми.

Иако до сега точките не беа омилени помеѓу машката популација, оваа сезона работите видно се променети, со што токму тие се наметнаа како важен и неизоставен тренд во светот на модата.

Ако до сега бевме навикнати на еднолични бои и материјали, во сезоните што претстојат ваквите шарени материјали ќе бидат сѐ почесто застапени како на светските модни писти, така и на улиците насекаде во светот.

За сите кои сакаат да направат промена во стилот на облекување и во изгледот, а истовремено сакаат да бидат во тек со најновите модни случувања, статијава им го овозможува токму тоа.

Оние кои се вљубени во модата и кои ги следат сите нејзини промени и новитети сигурна сум дека ќе покажат смелост и зрелост да се појават со вакви модерни шари, материјали и принтови. 
Ако пак не сакате да бидете премногу нападни а сакате да бидете модерни, тогаш можете да одберете кравата, елече или шал со точки, а оние посмелите можат да се облечат во кошула, бермуди, панталони или винтјага со точки.

Еден сосема мал детаљ ја променува целокупната слика на нештата, па затоа ви предлагаме да одберете нешто по ваш вкус и да бидете ултра модерни и атрактивни.

Во продолжение ви предлагам да ја погледнете галеријата во која преовладуваат точките и круговите, да размислите добро за модните новитети и да одлучете дали и вие како и останатиот свет оваа пролет и ова лето сакате да бидете модерни и неодоливи. Одлуката е ваша.

tockite se vo moda, maska moda, точките се во мода, машка мода tockite se vo moda, maska moda, точките се во мода, машка мода

tockite se vo moda, maska moda, точките се во мода, машка мода

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4383 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус