Техно Свет, Автомобили

Топ 5 најскапи и најбрзи автомобили во светот

28 јануари, 08:37

Сместете се удобно, ставете ги појасите и уживајте во возењето!

Препуштете ѝ се на фантазијата, бидејќи можеби никогаш нема да имате можност навистина да се возите со овие топ 5 автомобили.

Денешното возење ќе биде навистина брзо. Ги ставивте појасите? Почнуваме!

 

Bugatti Veyron Super Sport: 2,400,000 долари
Најскапиот, воедно е и најбрз автомобил на светот кој развива брзина од 430 км/час. Bugatti Veyron Super Sport е спој на моќ и перформанси, а неговиот 16 цилиндричен мотор со 1.200 коњски сили овозможува забрзување до 100 км/час, за само 2.5 секунди!
Ве предупредивме дека брзо ќе возиме!

 

Ferrari 599 XX: 2,000,000 долари
Луксузниот автомобил е достапен само за одредена група сопственици на Ferrari.
Опремен со V12 мотор со 700 коњски сили, Ferrari 599 XX е дизајниран за тестирање на границите на максимална ефикасност.
Развива брзина и до 96 км/час за 2.9 секунди.

 

Pagani Zonda Clinque Roadster: 1,850,000 долари
Топ 3 автомобилот Pagani се смета за егзотичен претставник во светот на супер брзите автомобили.
Направен е од карбо титаниум, а рачно изработените турбо мотори развиваат брзина од 96 км/час за 3.4 секунди. Максималната брзина на Pagani Zonda е 349 км/час.
Произведени се само 5 вакви автомобили.

 

Zenvo ST: 1,800,000 долари
Данците внимавале на сите детали при изработката на овој убавец. Бојата, материјалот за гумите, потрошувачката, сè е предвидено и направено по мерка.
8 цилиндричниот мотор развива брзина од 96 км/час за 2.9 секунди, а доколку се одлучите да го купите, компанијата има посебен тим кој постојано се грижи за одржувањето и е подготвен секогаш да ви излезе во пресрет.

 

Lamborghini Reventon: 1,600,000 долари
Навистина изгледа како да не е од овој свет, нели? Инспириран од најбрзите авиони, Lamborghini Reventon има супер V12 мотор, со максимална брзина од 340 км/час, а за 3.4 секунди развива 100 км/час.

Уживавте во возењето?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4418 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус