Животен стил, Живеј квалитетно

Топ совети за интервју за работа

16 јули, 06:51

Првиот впечаток е многу важен, особено кога се работи за интервју за работа. Можеби нема да имате втора можност да се претставите во најдобро светло, затоа подгответе се најдобро што можете.

Овие едноставни совети ќе ви помогнат да не ги заборавите сите важни нешта кои ќе ве претстават во добро светло и ќе ги зголемат шансите да бидете повикани на уште еден разговор, па и да ја добиете работата.

 

Информации за компанијата
Без разлика за какво работно место конкурирате, пред да одите на интервју корисно е да соберете што повеќе информации за компанијата. Побарајте информации на официјалниот веб сајт, на социјалните мрежи и слично, и научете неколку важни нешта за компанијата. Не само што ќе бидете подобро подготвени да одговарате на прашања, туку и вие ќе можете да му поставите некое прашање на личноста која ве интервјуира. Тоа е многу важно бидејќи на овој начин ќе покажете интерес за компанијата, со што ќе оставите добар впечаток.

Облечете се соодветно
Не претерувајте со дотерување (ова особено се однесува на женскиот пол). Освен ако не конкурирате за работа поврзана со модата, имајте предвид дека интервјуто не е пригода за која треба претерано да се дотерате. Облечете се пристојно, изгледајте чисто и уредно, но бидете она што сте. Ако никогаш не сте ставиле вратоврска или високи потпетици, не правете го тоа на интервјуто.
Размислете која облека би одговарала на работното место за кое се интересирате, па изберете нешто во кое изгледате убаво и професионално, а сепак не претерано дотерано.

Потсетете се на работното искуство
Кандидатите кои не знаат точно да одговорат во кој период и на кое работно место работеле, оставаат навистина лош впечаток. Пред интервјуто повторете си каде сè сте работеле, во кој временски период и слично. Иако личноста која ќе ве интервјуира ќе ги има овие податоци од вашето CV, потребно е и вие точно и сигурно да одговорите на прашањата поврзани со вашето искуство.

Размислете и зошто сметате дека сте квалификувани за работата за која конкурирате и како можете да придонесете за фирмата. Вакви прашања сигурно ќе ви бидат поставени, па не би било во ред токму тогаш да размислувате што да одговорите.

Пенкало и нотес
Можеби нема да ви бидат потребни, но со себе понесете пенкало и нотес. Доколку имате потреба од нив, навистина ќе оставите добар впечаток кога од џебот или чантата ќе извадите пенкало, наместо да ѝ барате на личноста која ве интервјуира.

Визит-карта
На крајот од разговорот оставете ваша визит-карта. Ваквиот гест ќе делува професионално и ќе му даде посебен финален белег на интервјуто. Не заборавајте да ѝ побарате визит-карта на личноста која ве интервјуира, и секако, не заборавајте на крајот од интервјуто искрено да се заблагодарите за времето кое го одвоиле за вас.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3724 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус