Здравје, Здрави навики

Топ совети за здрави очи

03 јуни, 18:55

Дали доволно се грижите за вашите очи, или заборавате колку се тие важен дел од општата здравствена состојба на организмот?

Иако можеби не чувствувате, очите се постојано изложени на иритации, а негативните ефекти од тие иритации и нашата недоволна грижа, порано или подоцна ќе се одразат на видот.

 

 

Како да ги заштитиме нашите очи?

Обратете внимание на нашите совети и обидете се да ги применувате за да го заштитите видот навреме.

Здрава храна
Многубројните студии потврдуваат дека храната има голема улога за здравјето на очите. Храната богата со омега 3 масни киселини, цинкот и витамините Ц и Е се најмоќните борци против оштетување на очите и катаракта.
За добар вид и здрави очи јадете зелен лиснаст зеленчук, туна и лосос, јајца, грав и други извори на протеини, портокали и други цитрусни овошја. 

Престанете да пушите
Пушењето предизвикува оштетување на очните нерви и го зголемува ризикот од катаракта. Престанете навреме!

Очила за сонце
Секојдневно ги слушаме предупредувањата за штетното ултравиолетово зрачење. Очилата за сонце се уште еден начин да ги заштитите вашите очи и да го зачувате нивното здравје.

Компјутерите ви штетат
Избегнувајте непотребно и долго користење на компјутер, освен ако тоа ви е дел од работата, па морате да се изложувате на зрачењето на мониторот.
Која и да е причината поради која користите компјутер, обидете се барем малку да ги заштитите очите, следејќи ги следните совети:

  • Компјутерот наместете го на начин на кој очите ќе ви бидат на иста висина како врвот на мониторот. На овој начин несвесно ќе го насочувате видот малку надолу, со што ќе бидете изложени на помало зрачење.
  • Не заборавајте да трепкате, особено ако чувствувате дека очите ви се суви!
  • На секои 20 минути гледајте околу 20 секунди во некој предмет кој се наоѓа надвор, на поголема далечина.
  • На секои 2 часа правете пауза од 15 минути.

Стекнете здрави и корисни навики и внимавајте на вашите очи. Не дозволувајте еден ден да жалите за оштетениот вид.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4008 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус