Занимливост, Убави нешта
Тоскана – рај за очите и душата
Во срцето на Италија, на површина од околу 23 000 километри квадратни, се протега едно од најубавите места на планетата, прекрасната Тоскана.
Ова неверојатно убаво место во себе сплотило уметност, традиција, природна убавина, сè она што може да ги допре сетилата и да ја исполни душата може да се најде токму во Тоскана.
Тука е Фиренца, со своите музеи, неповторливите скулптури, цркви и паркови, градот – дом на уметноста.
Гурманите може да уживаат во вкусната италијанска кујна и некои од најубавите вина во светот, оние со спортски дух ќе поминат незаборавни моменти во освојување на ритчињата и прошетките по планинските патеки...
Она што можеби најмногу ќе ве освои е природата, неверојатните пејсажи, боите и формите на Тоскана, зеленилото и сончевата светлина кои ќе ве пленат на прв поглед.
Ова е Тоскана – домот на сонцето и недопрената убавина...
Додади коментар