Трегерите се повторно во мода

05 август, 14:51

Трегерите во минатото имаа само една функција - да бидат држачи на панталоните.
Денес тие покрај што се употребуваат за таа намена, истовремено се и моден додаток на мажите кои се грижат за изгледот и имаат изграден стил.

Ова лето и есента која ни претстои трегерите се и ќе бидат во мода.

Како интересен моден детаљ трегерите можат да се носат заедно со кравата, со кошула, со костум, со капут, со капа, со фармерки, со маица, едноставно можат да се комбинираат со сѐ, само треба да се внимава да не се претерува со изборот на бои.

Во светот на модата трегерите веќе си го добија заслуженото место, па така моделите кои ја презентираа дизајнираната облека на голем број модни компании, на ревиите задолжително носеа трегери.

При изборот на трегери важни се неколку правила кои треба да ги почитувате ако сакате да бидете во тек со најновите модни случувања и да изгледате модерно.

Ако планирате да носите трегери заедно со костум внимавајте тие да не бидат со иста боја, ист дезен и ист материјал како краватата и секогаш треба да бидат во спротивна боја од бојата на кошулата.
Исто многу важно е да не се носат еластични трегери (со поспортски изглед) и со метални копчиња во комбинација со костум. За ваквата комбинација одберете трегери кои имаат елегантен и едноставен изглед.
За полежерна комбинација, на пример за со фармерки и маичка и за со кратки панталони одберете трегери со интересни принтови, бои и дезени.

Трегерите покрај што можат да се носат на класичниот начин преку рамена, можат исто така да се носат и како интересен моден додаток при тоа што се пуштаат да висат надолу покрај ногавиците, но оваа варијанта е за оние кои се посмели при изборот на стилот.

Без разлика како ќе се одлучите да ги носите, важно е оваа сезона да носите трегери бидејќи со нив ќе бидете ултра модерни и привлечни за понежниот пол.

tregeri, moda, maska moda, трегери, мода, машка мода

tregeri, moda, maska moda, трегери, мода, машка мода

tregeri, moda, maska moda, трегери, мода, машка мода

tregeri, moda, maska moda, трегери, мода, машка мода

tregeri, moda, maska moda, трегери, мода, машка мода

tregeri, moda, maska moda, трегери, мода, машка мода

tregeri, moda, maska moda, трегери, мода, машка мода

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7331 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

31 Октомври

31 Октомври

Во 1892 - та година објавени се „Авантурите на Шерлок Холмс”, дело на Сер Артур Конан Дојл.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус