Животен стил, За неа

Тренди шминка за оваа зима

05 декември, 00:21

За оваа зима во модата ќе царуваат следните 5 правила:

Дебели веѓи – дебелите веѓи се во тренд оваа зима. За да постигнете целосен изглед користете молив за пополнување на празнините.

Изоставете го руменилото – за оваа сезона руменилото е надвор од употреба. Природната кожа без потенцирање на образите е вистински избор. А за оние кои не можат да се откажат од оваа шминка може да нанесат само мала количина од руменилото.

Усни со боја на цреши – мат кармините со боја на црвено вино, трула вишна и темни розови нијанси ќе бидат хит во зимскиот период пред нас. Кога користите една од овие нијанси на усни, шминката на очите треба да биде минимална.

Тенка линија со туш – и оваа зима тушот за очи нема да остане заборавен во несесерот. Оваа зима користете го за да исцртате тенки линии само по должината на горниот капак на окото. На краевите линијата треба да исчезнува, а во средината да е малку подебела.

Густи трепки – набавете си маскара за погусти трепки и редовно нанесувајте на трепките на долниот и на горниот капак.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2088 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус