Тркачкиот коњ стана познат сликар

07 мај, 12:14

Метро Метеор е вистинско чудо од коњ. Своевремено тој беше еден од најбрзите тркачки коњи во Белмонт, Калифорнија.

По тешката повреда на колената, Метро Метеор стана пензионер кој продолжи да живее на фармата на неговите сопственици.
Тие му ја пренесоа својата љубов кон сликарството, па денес коњот е вистински уметник за чии дела има голем интерес и се продаваат по доста добра цена.

„Вистинскиот предизвик беше како да го научам да го допре платното” – раскажува неговиот сопственик. „Секој пат кога Метро ќе го допреше платното со носот, јас го наградував. Потоа го учев како да ја држи четката во уста, а кога на крај ги споивме двете лекции, се случи вистинско чудо. Не само што сликаше, Метро создаваше ремек дела”.

Познавачите на уметноста велат дека сликите на Метро Метеор потсетуваат на творештвото на познатите апстрактни експресионисти.

Парите кои необичниот сликар ги заработува одат во фондацијата за грижа и рехабилитација на тркачките коњи кои се во пензија.

Metro Meteor, trkacki konj, slikar, тркачки коњ, сликар

Metro Meteor, trkacki konj, slikar, тркачки коњ, сликар

Metro Meteor, trkacki konj, slikar, тркачки коњ, сликар
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3813 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус