Туршија

28 септември, 07:16

Состојки:
1 кг. краставички
1 кг. карфиол
1 кг. зелени домати
1 кг. моркови
1 кг. зелка
4 кг. зелени пиперки

 

 

Подготовка:
Сите состојки за туршијата убаво се мијат. Зелката и карфиолот се сечкаат на поголеми парчиња, а другите состојки остануваат цели. 
Сé заедно се става во поголем пластичнен сад кој мора да има капак. Потоа состојките се прелеваат со солило.

Солило:
17 литри вода
1 и 1/2 филџанче есенција
1 и 1/2 пакетче конзерванс
750 гр. сол 
1 и 1/2 филџанче шеќер

Солилото убаво се меша додека се стопат сите состојки и со него се прелева салатата. Пластичниот сад се затвора и се остава да отстои повеќе денови, сé додека сите состојки од салатата не омекнат.
Потоа туршијата се собира во тегли и се чува на суво и темно место.

Сите состојки за туршијата можат сразмерно да се зголемат ако се сака да се добие поголема количина туршија.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 15341 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус