Позитива, Статии

Твоите дарови

23 јуни, 18:34

Се сеќавате ли на приказната за Трнорушка и 12-те добри самовили кои на денот на нејзиното раѓање ѝ ги дале своите дарови – благослови?

Една легенда раскажува дека токму тие дарови му припаѓаат на секое дете, насекаде во светот, и секој од нас ги добива денот кога ќе се роди.

Според легендата, кога се раѓа дете, уште со првиот здив кој ќе го вдише, на небото се слави, а детето се благословува со дванаесет дарови.

Можеби сме ги заборавиле, но сите ние ги носиме овие дарови во нас.

Ова се твоите најголеми дарови:

Силата е твојот прв дар. Побарај ја во себе секогаш кога ти е потребна, бидејќи ти имаш сила да издржиш сè и да ги надминеш сите препреки.

Убавината е твојот втор дар. Негувај ја и дозволи им на другите да ја видат онаа вистинската, внатрешна убавина која ја има секое човечко суштество.

Сочувството е твојот трет дар. Биди нежен кон себе и кон другите, прости им на оние кои те повредиле, а научи и себеси да си простуваш.

Храброста е твојот четврти дар. Секогаш имај самодоверба и храбро движи се по твојот пат.

Надежта е твојот петти дар. Никогаш не губи ја и нека те следи на секој чекор од твоето животно патување.

Радоста е твојот шести дар. Нека ти го исполни животот, а срцето нека ти биде полно со радост.

Талентот е твојот седми дар. Откриј ги своите таленти, бидејќи секој од нас има некаков скриен талент кој може да го искористи за доброто на сите.

Почитта е твојот осми дар. Почитувај ги другите, но не заборавај да се почитуваш себеси, бидејќи ти си најголемото чудо на светот, совршена креација на животот.

Фантазијата е твојот деветти дар. Твоите визии и соништа зачини ги со малку фантазија и дај им шанса да се реализираат.

Мудроста е твојот десетти дар. Учи од мудрите луѓе и дозволи ѝ на мудроста да ти го покаже вистинскиот пат.

Љубовта е твојот единаесетти дар. Нека ти ја исполни душата и срцето и не плаши се несебично да ја даваш. Запомни, љубовта расте и ти се враќа секогаш кога некому ќе ја подариш.

Вербата е твојот дванаесетти дар. Верувај во себе, во животот, сè што правиш обвиткај со верба.

Сега, кога дозна колку дарови имаш, чувај ги, негувај ги и дозволи им да те водат. На патот ќе пронајдеш и нови, досега скриени и непознати дарови.

Ти си чудесно суштество способно да се бори со предизвиците на животот, а твоите дарови се твои благослови кои твоето животно патување ќе го направат достојно за живеење.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2492 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус