Убав дом

Есента во вашиот дом – креативни декорации

07 ноември, 06:24

Нова Година, Божиќ и Велигден се празниците за кои го декорираме домот со најразлични украси. Од ѕвончиња, панделки, лампиони, до велигденски зајачиња, и цветови, сè е во духот на празниците и празничната атмосфера, но и во духот на зимата и пролетта.

Сте помислиле ли некогаш да ја внесете есента во вашиот дом?

Есента е најшареното годишно време, сигурно и најубавото кога боите се во прашање. Можеби не ги сакате облачните денови и дождовните капки, но боите на есента едноставно не може, а да не ги обожавате.

Убав дом е оној кој е уреден со љубов. Не е важно дали мебелот е нов и модерен, важен е вашиот однос кон предметите, како и креативноста и љубовта кои ги внесувате при уредувањето.

Без некоја посебна причина, само за ваше задоволство, разубавете го домот со едноставни, но толку убави есенски декорации кои ќе внесат топлина и пријатност. Покажете ја својата креативност и дневната соба украсете ја во боите на есента.

Сè што ви е потребно се неколку есенски лисја, свеќи, есенско овошје, некое лешниче и оревче, желади, стапчиња цимет..., сè што имате дома или сте го нашле при прошетката во паркот.

Со малку љубов и трпение може да направите прекрасни декорации кои ќе ви мамат насмевка секогаш кога ќе ги погледнете.

Уживајте во боите на есента!

dekoracii, декорации, свеќи, украси, лампиони, есен, цимет, цвеќе

автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8798 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус