Убав дом

Како да создадете релаксирачка атмосфера во домот?

28 август, 06:46

За да постигнете релаксирачка атмосфера во домот која позитивно ќе влијае на вас и вашите сакани следете ги следните совети:

 

 

 

 

Користете нежни бои

Светло сина, кремава, нежна розова, лаванда и бледо жолта боја се добар избор за собите во домот. Бањата треба да остане со бела боја. 

Свеќи

Купете миризливи свеќи во суптилни бои и ставете ги покрај ѕидовите во домот. Најдобра комбинација се запалени свеќи, музика за релаксирање и добра книга.

Перници

Во спалната и во дневната соба мора да има квалитетни перници кои ќе ви овозможат правилен одмор по напорниот ден и правилно држење на вратот.

Постелнина

За да постигнете поголема атмосфера во спалната соба, бојата на постелнината треба да биде нежна. И материјалот треба да биде нежен на допир. Се препорачуваат пред сè цветни дезени на постелнина и 100 % памук.

Килими

Килимите во домот треба да се од волна и да се нежни на допир. 

Следете ги овие едноставни совети и ќе создадете убав дом каде ќе уживате во слободните периоди.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2662 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус