Убав дом

Разладете се со правилно одбрани бои во домот

14 август, 07:47

Во овие неподносливо жешки летни денови, кога живата во термометарот знае да се искачи и до 40 степени, лекарите советуваат да не се излегува без потреба на сонце, затоа што зрачењето е со многу висок УВ индекс. 

Исто лекарите советуваат да се престојува во простории кои не се директно изложени на сонце и во климатизирани простории. 

Како надополнување на нивните совети се и денешните наши совети кои се однесуваат на боите во домот.

Секоја боја има способност да емитува одредена енергија. 

Веќе од поодамна се знае дека црвената, жолтата и портокаловата боја спаѓаат во групата на топли бои, па затоа во нивно присуство чувствуваме поголема топлина. 

Во групата на ладни бои спаѓаат сината, сивата, зелената и светло виолетовата, бои кои имаат способност да предизвикаат чувство на свежина.

Доколку во вашиот дом преовладуваат предмети кои се обоени со некои од  топлите бои, разбирливо е и предизвиканото чувство на нервоза, кое покрај високите температури е предизвикано и од самите бои. 

Наш совет е да направите некои промени во домот и да си поиграте со боите.

Гарнитурата за седење можете да ја обложите со некоја ладна боја, пример со тиркизна, а ако гарнитурата е нова и нема потреба наново да се обложува со материјал во друга боја, можете да додадете перничиња во таа боја.

Можете на секој стол да додадете перничиња со светло сина боја; на некој дел од ѕидот можете да поставите вертикално парче тапет во сина, светло виолетова или зелена боја; можете да поставите слика на ѕидот во некоја од ладните бои; да ставите парче завеса во овие бои и исто можете насекаде низ домот каде ви дозволува просторот да ставите украси во овие бои.

Во кујната гледајте колку што може повеќе да биде застапена зелената боја. Зелени можат да бидат плочките на ѕидот или подните плочки, подната покривка или вратничките на елементите од кујната. 

Престојот во кујна во која преовладува зелената боја ќе ве одмара и релаксира, а готвењето на храна во ваква кујна како никогаш до сега ќе ви биде лесно и едноставно.

Овие т.н. ладни бои го смируваат нервниот систем, ја намалуваат нервозата и ја намалуваат непотребно предизвиканата тензија помеѓу членовите на семејството која е предизвикана од неподносливата топлина.

Ладните бои препорачливо е да се употребуваат во дневните простории и спалните соби, но не се препорачливи за личностите кои страдаат од депресија.

Внесете светлина, живост, разиграност и ладовина во вашиот дом, уредете го по ваш вкус, но секогаш имајте ги предвид нашите совети, бидејќи се докажале како многу успешни.

Ова лето дозволете им на ладните бои, боите на небесното синило и тиркизната вода, зелената ливада и сите нијанси на сини бои да бидат повеќе присутни во вашиот дом, за да можете да уживате во нивните смирувачки ефекти.

Овие се нашите предлози од кои можете да извлечете некоја идеа за тоа како да го уредите домот во нежните светло сини, зелени и виолетови бои.

Погледнете ги! 

Разладете се со правилно одбрани бои во домот, Razladete se so pravilno odbrani boi vo domot

razladete se so pravilno odbrani boi vo domot, разладете се со правилно одбрани бои во домот

Разладете се со правилно одбрани бои во домот, Razladete se so pravilno odbrani boi vo domot

Разладете се со правилно одбрани бои во домот, Razladete se so pravilno odbrani boi vo domot

Разладете се со правилно одбрани бои во домот, Razladete se so pravilno odbrani boi vo domot

Разладете се со правилно одбрани бои во домот, Razladete se so pravilno odbrani boi vo domot

Разладете се со правилно одбрани бои во домот, Razladete se so pravilno odbrani boi vo domot

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5497 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус