Убав дом

Соби за разубавување на детскиот свет

23 јули, 00:05

Шарена и разиграна детска соба е сон на секое дете. 
Не верувам дека постои дете кое не би сакало во неговата детска соба да има сè и сешто, почнувајќи од безброј играчки па сè до шарено обоени шкавчиња, кревет со интересна форма и несекојдневен дизајн, шарена постелнина, колоритен тепих и што ли уште не.
 
На љубопитните детски очиња никогаш не им е доста од шарени детски работи бидејќи нивната љубопитност е многу тешко да се задоволи, затоа што нивната природа е токму таква, љубопитна, искрена, детска и прекрасно наивна.

Понекогаш само еден мал детал е доволен за да се исполнат детските очекувања, доволна е само една нова играчка, ново шкавче, нови полици за играчки, нова сликовница …

Ако токму во овој момент планирате да правите промени во детската соба на вашите најмили и барате идеи што ново да вметнете во неа, тогаш ви предлагам да ги погледнете фотографиите кои следат, бидејќи сите од нив изобилуваат со сè она што децата би посакале да го имаат во нивните соби. 
Од било кои од фотографиите можете да „украдете‟ идеја за нова масичка, ново креветче, нови сликички за на ѕидовите, нови завеси ... 

Имајте на ум дека една промена која вас ви изгледа мала и не толку важна, во детските очиња изгледа како нешто многу големо и многу важно, па затоа на момент дозволете им на вашите најмили да бидат среќни и да се радуваат на новите работи во нивната детска соба, која за нив претставува еден волшебен и чудесен свет.

detski sobi, sobi, deca, детски соби, соби, деца

sobi, detski sobi, deca, соби, детски соби, деца

detski sobi, sobi, deca, детски соби, соби, деца

detski sobi, sobi, deca, детски соби, соби, деца

detski sobi, sobi, deca, детски соби, соби, деца

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 10319 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус