Убава наша
10 народни поговорки кои се дел од нашето секојдневие
Македонските маки и деновите минати од денес за утре, сè уште успеваат да нè потсетуваат на старите македонски народни поговорки.
Колку и да се нема пари, доколку работиш некој денар ќе заработиш, па така кога ќе си ги земеш денaрчињата в рака колку е слатко да си речеш: „Ако не врни, барем ќе капни.“
Дека има чудни луѓе наоколу кои ти посакуваат сè најлошо, тоа е вистина. Но, како велат старите, имај трпение. „Кога некој те удри со камен, ти врати му со леб.“
Роднинските врски сè повеќе се истанчуваат, а пријателствата се ретки. Се сеќавате кога за последен пат им помогнавте на вашите најблиски? Или подобро речено кога сте им дале нешто без да им го продадете или надоместите? Така е, дојдоа времиња кога парите се цел на многумина. „Брат за брат, сирење за пари.“
Причина за далечината со роднините и пријателите е зависта и себичноста. „Видела жаба како го потковаат коњот, па и таа ја кренала ногата.“ Секој има свој живот кој не може да биде ист со оној на другите.
Колку долго да зборуваш, кога некој не сака да послуша бесцелно е и да те слуша. „Од едно уво влегува, од друго излегува.“
Запомнете: „Што ќе си надробиш тоа ќе си сркаш“.
Кога сме гладни убаво се сеќаваме на разните вкусови на храната. А кога ќе ги затвориме очите, колку сочно се отсликуваат пржените компирчиња, крцкавиот чипс и вкусните сендвичи. Баш така. „Гладна кокошка просо сонила.“
Можеби ќе ви звучи смешно, но ќе се согласите дека: „Немирен газ настрана прди.“ И да не заборавиме: „Кој не седи мадро, тој носи модро.“
А бидејќи сите денес сакаат многу пари и удобен живот еве една добра народна поговорка: „Збирај на младост за да имаш на старост.“
Додади коментар