Убава наша

5 смешни стари свадбарски обичаи

14 септември, 06:08

Од храна и облека, па сè до интересни верувања и обичаи, македонската народна традиција знае да ве насмее, а често и да ве наврати на историјата.

Кога се правело свадба, таа траела три дена, со игри и веселби во целото село. После 100-ци години за среќа сме го зачувале обичајот да се прави свадба, која денес трае само неколку часа.

Ви спомнале ли вашите баби и дедовци за некои стари свадбарски обичаи? Ако не сте слушнале време е да дознаете за само пет од нив кои добро ќе ве изнасмеат.

  • Зетот кога влегува во куќата на невестата се поткачува на триножно столче.
  • За невестата да не бара посебно јадење, кога ќе влезела во куќата на свекрва ѝ, свекрвата ѝ дава да јаде од помијата (храната за фрлање).
  • Свекрвата и снаата си врзуваат скутник (се запашуваат), која побрзо ќе биде запашана таа ќе биде нагазена во куќата.
  • Кога невестата ќе се внесе дома, свекрвата ѝ ја удира главата од ќумкот, за да седи дома.
  • Ако невестата не е невина, ја седнувале обратно на магаре и ја враќале кај нејзините.

Дел од овие обичаи и денес се применуваат во делови од Македонија. Но, добро е да се потсетиме на времето кое сведочи за македонскиот народ и нашата традиција.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3446 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

9 Февруари

9 Февруари

Во 1974 година е родена американската актерка и модел Амбер Валета. 

© 2023 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус